| четврток, 6 декември 2018 |

Фенербахче подобар од Црвена Звезда, Антиќ со солидна ролја

pero-antic

Фенербахче ја запиша и четвратата победа во низа во Евролигата откако вечерва на домашен терен експресно ја ’реши’ Црвена звезда со 87-72 (20-18, 21-13, 27-19, 19-22). Турскиот гигант, во чии редови настапува македонскиот интернационалец Перо Антиќ, од стартот на натпреварот го диктираше темпото на играта, а гостинот од Белград немаше доволно концентрација за да изедначи или да стигне до пресврт.

Домаќинот рано го отвори резултатот и започна полека да таложи предност. Мало недоразбирање помеѓу бековите и високите играчи под противничкиот обрач му овозможија шанса на првакот од АБА лигата да направи пресврт и да го преземе водството (9-14), но не успеа во намерата да го задржи. Обрадовиќ направи мала ротација на играчите и водството набрзо беше вратено во корист на домаќинот (20-18). Во вториот период, кошаркарите на Црвена звезда имаа проблем со прием на топката и нејзино соодветно префрлување на противничката страна. Весели и Удох го искористија тоа за зголемување на разликата која до полувремето веќе стана двоцифрена (41-31). Откако екипите се вратија на паркетот гостинските кошаркари се обидуваа да ја спуштат разликата под десет, но не успеаа ниту во таа намера. Пред почетокот на последниот период Фенер имаше 18 поени разлика (68-50). Поради огромната предност, кошаркарите на Фенербахче си дозволија да играат поопуштено, Обрадовиќ ги разигра и младинците, но тоа резултираше со двојно намалување на предноста која ја имаа. Стабилната рака на Перо Антиќ ја врати двоцифрената разлика на Фенер (77-65)

Македонскиот интернационалец запиша 13 поени зад своето име (1/1 за два поени, 3/4 за три поени, 2/2 за еден поен) на кои придодаде три скока и една асистенција за 19 минути поминати на паркетот.

Во останатите два денешни дуели од 11.коло во Евролигата се среќаваат Милано – ЦСКА Москва и Реал Мадрид – Жалгирис.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top