Таа моментално е едно од најбараните имиња во светот на модата, а неодамна го остави светот без здив на ревијата на модниот бренд „Victoria’s Secret”. Сепак, нејзините фотографии од минатото ги поттикнаа гласините дека на неа не е сè природно.
Бела Хадид има само 20 години, а веќе постигна светска слава. Девојките ѝ се воодушевуваат, момците ја посакуваат и сите се согласуваат дека пред неа е блескава модна кариера.
Сепак, не било отсекогаш така. Фотографиите од 2010 година, кога со нејзината мајка и очувот присуствувала на еден хуманитарен настан, покажуваат дека тогаш имала малку поголем нос, потенки усни и поинакви црти на лицето.
-Бела отсекогаш беше несигурна, а сè кулминираше кога нејзината сестра Џиџи почна да се занимава со манекенство. Ја зеде кредитната картичка на нејзиниот татко, отиде кај пластичен хирург и се врати непрепознатлива, рекол пријател на нејзиното семејство за американските таблоиди.
Се чини дека на Бела тоа ѝ се исплатило, бидејќи како резултат добила манекенска кариера која рапидно расте.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст