| четврток, 6 декември 2018 |

Земјотрес со интензитет од 6.8 ја стресе Калифорнија

Земјотрес со магнитуда од 6,8 степени е регистриран денеска покрај брегот на северниот дел од Калифорнија, САД.

Епицентарот е на околу десет километри длабочина во Тихиот Океан и на околу 165 километри западно од калифорниското гратче Ферндејл, соопшти американскиот Геолошки институт.

Според тврдењата на корисници на социјални мрежи, земјотресот се почувствувал и во Сан Франциско, кој се наоѓа околу 420 километри јужно.

Нема информација за евентуални жртви и причинета материјална штета, но не е објавена ниту опасност од цунами.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top