Злосторството во Сребреница не требаше да се случи и кој и да го направил, е предавник на српскиот народ и со тоа најмногу наштети на српските интереси, изјави босанскиот српски водач од времето на војната во БиХ, Радован Караџиќ во интервју за белградскиот весник „Неделник“.
– Такво нешто никогаш немало во нашата историја и не требаше ниту тогаш да се случи. Тоа беше сосема идиотски и глупаво, да извршиш злосторство што можеше да се избегне, и тоа на крајот на војната, која ја добивавме. За нас тоа беше целосно неочекувано и неверојатно. Бидејќи беше извршено од некој лудак, рече Караџиќ.
Хашкиот трибунал го осуди Караџиќ на 40 години затвор поради геноцидот во Сребреница и за злосторства против човештвото над муслиманите и Хрватите.
Караџиќ изјави дека главните виновници за војната биле „надвор Босна и Југославија”.
– Иако меѓуетничките односи не беа идеални, се разбиравме добро со муслиманските и хрватските партии. Јас имав многу добри односи со господин Алија Изетбеговиќ, претседателот на Босна и Херцеговина во тоа време, рече Караџиќ.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст