| четврток, 6 декември 2018 |

Иванов ги посети безбедносните сили на македонско-грчката граница

ivanov-vojnici

Претседателот Ѓорге Иванов денеска ги посети припадниците на Армијата ии другите безбедносни служби задолжени за обезбедување на државната граница, во објектот на Здружениот штаб во Гевгелија.

Откако беше запознат од бригадниот генерал на Здружената оперативна команда Зоран Милески за моменталната ситуација на македонско-грчката граница и дејствата што секојдневно ги преземаат војниците за спречување илегални премини од страна на мигрантите, Иванов се упати на Кота 59 на самата македонско-грчка граница.

Тука тој направи увид во подготвеноста и капацитетите на АРМ и другите безбедносни служби во справувањето со предизвиците од мигрантската и бегалската криза и разговараше со војниците кои патролираат долж границата за тоа што тие преземаат за да се спречи евентуалното влегување на илегалните мигранти од грчка територија.

Во изјава за медиумите бригадниот генерал Зоран Милески ги запозна новинарите дека претседателот Иванов лично можел да се увери во подготвеноста на војниците, да се запознае со ангажирањето на единиците, подготовката и извршувањето на нивната задача во патролирањето долж границата со република Грција.

Милески истакна дека веќе се направени и оперативни планови, каде што при евентуален нов бран на бегалци веќе е направена проценка на тоа колку луѓе би биле потребни, така што бројот на потребни сили ќе се прави врз основа на бројот на евентуални нови бегалци и правците на нивното движење. Тој е уверен дека Армијата на Македонија успешно ќе се справи со идните можни закани од евентуален нов бегалски бран

Тој објасни дека во Командата се направени планови како војниците кои се ангажирани околу обезбедувањето на границата ќе го остварат своето право за гласање на претстојните избори врз принципот на ротација од 7 до 19 часот на самиот ден на гласање..

Поради постојаната закана од илегална миграција која доаѓа од територија на НАТО и од земји членки на ЕУ, во Македонија од август 2015 година до јуни 2017 година е прогласена кризна состојба, активиран е кризниот менаџмент со функционален здружен воено-цивилен штаб за заштита на границите и обезбедување на коридорите

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top