| четврток, 6 декември 2018 |

Утре е Свети Алимпиј Столпник: Верниците го почитуваат и ова никако не го прават на овој ден…

Македонската православна црква на 9 декември го одбележува празникот посветен на Свети Алимпиј Столпник. Овој празник е означен со црни букви, бидејќи овој светител е мошне ценет кај народот, а на многу семејства им е куќна слава.

Роден е околу 522. година во Едрене и од мал бил предан на Бога. Како ѓакон служел во црквата во Едрене какј епископот Теодор. Иако сите го сакале, секогаш барал начин да биде сам. Алипиј сакал да живее со молитви и осаменост, па се повлекол на едни грчки гробишта крај градот Пафлагонија од кој бегале поради демонски привиденија. Таму се потпрел на еден столб и на него на сенка од големата топлина, во пост и молитва го поминал поголемиот дел од животот.(според христијанското предание околу 53 години). Поради тоа бил наречен Столпник. Ниту потсмевот на луѓето, ниту искушенијата не можеле да го поместат оттаму. Најпосле по извесно време, луѓето почнале да го почитуваат и да доаѓаат кај него за утеха, поука, исцеливање.  Околу неговиот столб ќе изградени два манастири, еден машки и еден женски. Во женскиот манастир живееле мајката и сестрата на Алимпие, а тој од својот столб со примери и дела им го укажувал патот на спасот на луѓето.

На иконите Светио Алимпие е претставен во аскетска пустинска облека како седи на својот столб. Тој е заштитник на стоката, па затоа на неговиот ден стоката не се впрегнува. Според преданието, тој ја згазнал чумата и оттогаш таа не се појавила.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top