| четврток, 6 декември 2018 |

Директорот на ЦИА во ненадејна посета на Тирана

Директорот на ЦИА Џон Бренан во Тирана имаше средба со албанскиот премиер Еди Рама и албанскиот претседател Бујар Нишани.

Претседателот на Албанија Нишани во интервју за телевизијата „Ора Њуз“ изјави дека на средбата било разговарано околу безбедносната состојба во Албанија и регионот.

„Албанија игра значајна улога и за безбедноста во регионот и придонесува за стабилноста“, изјави Нишани во врска средбата со Бренан.

Според Нишани било разговарано за опасностите од тероризмот, бидејќи има повратници борци од Сирија кои се жители на регионот.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top