Две и пол години поминаа откако почна оваа агонија, две ипол години СДСМ и неговото раководство потпомогнато однадвор и одвнатре ја малтретира Република Макеоднија, сопствените граѓани, постојано вршејќи пресија врз сите свети нешта во државата, истакна вечерва од Ново Село членот на ИК на ВМРО-ДПМНЕ Зоран Ставрески.
-СДСМ ги нападна нашиот јазик, нашата култура, нашата територијална целовитост, сето она за што нашите предци го правеа. Дигнаа рака врз се она што значи суверена Република Македонија. Се виде што е крајната цел, да се раздели државата, да се ослаби државата, крајната цел е ова парче земја да го снема, да биде претопено во другите околни држави. Целата агресија е врз ВМРО-ДПМНЕ затоа што знаат дека ВМРО е кодот на Република Македонија, силата на оваа држава. Знаат дека ВМРО-ДПМНЕ никогаш за ништо нема да ја продаде оваа држава, нема да го продаде сопствениот народ, знаат дека ВМРО-ДПМНЕ е партиотска, народна партија, посочи Ставрески.
Тој додаде дека на СДСМ му пречело се што значи подобар живот, самостојноста на Република Македонија, името, македонското знаме.
-Им пречеше тоа што Република Македонија почна да оди напред, да се отвораат нови работни места, што македонските земјоделци за прв пат станаа почитувани со ВМРО-ДПМНЕ затоа што земјоделецот со многу пот го работи тоа парче земја. Им пречеше што дававме субвенции за земјоделците, што градевме патишта, што се зголемуваа пензиите. Заборавија само дека во оваа држава живее народ и народот е стопан на оваа држава и никој друг, вели членот на ИК на ВМРО-ДПМНЕ.
Ставрески потенцираше дека и во иднина ВМРО-ДПМНЕ ќе продолжи со реализирање на сите проекти кои се во горист на граѓаните и нудат подобар живот за нив и ги повика сите масовно да излезат на гласање за да се стави и крај на кризата која СДСМ ја предизвика.
-Резултатот во недела треба да биде историски. Во недела не гласаме само за нов пат или нова канализација. Во недела излезете на гласачките места и дајте го својот глас за суверена, економски силна Македонија.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст