| четврток, 6 декември 2018 |

Во недела масовно и референдумско излегување на избори и казна од народот за СДСМ

nikola-gruevskli-gjorce-640x424

Масовно референдумско излегување на избори и казнување на сè она што СДСМ го прави. Веќе е јасно, сè се разјасни, на народот му стана целосно јасно зошто ни го правеа ова во овие две ипол години. Кои биле целите, намерите. Најголемата грешка ја направија кога го потценија народот и  на крајот доволно ги отворија картите да и на нивните поддржувачи им е јасно, истакна лидерот на ВМРО-ДПМНЕ и носител на листа во ИЕ4 Никола Груевски на вечрашниот митинг кој партијата го одржува во Ѓорче Петров.

– Зоран Заев мислеше дека народот нема капацитет да процени што значи за Македонија двојазичност на цела територија, промена на Уставот, рушење на рамките на Рамковниот договор. Тој одеше на карта дека луѓето не се толку политички образовани, но народот е многу попаметен од тоа тој што мисли. Кога виде колку е часот, почна да кажува дека не кажувал тоа што кажуваше, да вика дека нема да има промена Уставот. Нема бегање од тоа што го кажа и од откривање на целите. Ќе плати пред народот на избори, за целото малтретирање и манипулирање, посочи Груевски.

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ потсети дека Заев ќе биде казнет од народот во недела затоа што две ипол години го лажеше дека има 500.000 фантоми, за на крај народот да види дека нема ниту еден фантом, туку дека има 5000 повеќе кои ќе гласаат.

– Народот ќе го казни за неговите намери да ја кантонизира Македонија. Народот собира, трпи и на 11 декември ќе си го каже своето, за сите лаги што ги изнесе и потценувањето на народот. за лагите за 500 евра просечна плата, или пак за тоа дека секој човек ќе добие по 500 евра годишно од ДДВ-то мислејќи дека овој народ нема да пресмета.Го потценија народот и со тоа дека ќе донеле толку многу инвеститори, а гледам во Струмица индустриската зона која ја прогласи, една фабрика нема донесено. Во 11 години владеење не донесе ниту една фабрика, ниту една компанија и сега ќе им продава на народот приказни дека не само што сите ќе ги вработел и тие од дијаспората ќе ги врател во Македонија. Вели дека се збогатил во време на ВМРО-ДПМНЕ, прашајте во Струмица – тој се збогатил кога станал градоначаник. Таков милионер и богаташ станал откако е градоначалник и тендерите почнал да ги дели на фирмите од потесното семејството, да удира рекет на други бизнисмени. Сега сака да ја рекетира цела држава на истиот начин и да ги прави истите работи кои ги прави во Струмица, а струмичани тие едвај чекаат мај да дојде силно да вратат, посочува претседателот на ВМРО-ДПМНЕ.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top