| четврток, 6 декември 2018 |

Милошоски: Не ни требаат три официјални јазици, ни требаат три автопати кои ги градиме и три кои ќе ги почнеме

Kичевчани и стружани, најдобро знаат што значи да ја плаќаш грешката на политичарите на сметка на националните интереси. Затоа на овие избори, нас не ни требаат нови федерализации, не ни требаат два јазици, не ни требаат три официјални јазици, ни требаат три автопати кои што ги градиме и уште три нови кои што сакаме да ги почнеме, изајви денеска Антонио Милошоски, носител на ИЕ 5 на ВМРО-ДПМНЕ за време на неговата посета на Кичево.

Тој посочи дека ни е потребна стабилна политичка клима за да може економијата да ни биде приоритет.

-Затоа апелираме и од Кичево и од Струга, до сите битолчани, до скопјани до штипјани, до велешани, до струмичани. Се работи за Македонија, некои грешки не можат да се поправат и затоа треба сите да работиме за заедничкиот интерес. Ни треба стабилно Собрание со 63 пратеници, да формираме стабилна Влада и да работиме за доброто на државата, без да има други политички кризи. И сигурен сум дека ќе освоиме една победа од која што и народот ќе биде задоволен, а и државата ќе оди напред, заклучи Милошоски.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top