Чилеанскиот интернационалец Алексис Санчез води преговори со Арсенал за продолжување на соработката, но очигледно дека на англискиот премиерлигаш му пречат пребогатите кинески клубови, кои му нудат многу подобри услови на одличниот напаѓач. Раководството на „топчиите“ е подготвено да ја зголеми неговата неделна плата од 130.000 на одлични 200.000 фунти, но сето ова паѓа во вода со оглед дека Кинезите му нудат двојно повеќе, дури 400.000 фунти седмично, само за да се пресели на Далечниот Исток.
Менаџерот Венгер се наоѓа во небрано, па го советува Санчез да ја одбере Европа и да остане во Арсенал, со оглед дека не е се во парите. Во Кина замина и Езекиел Лавеци, но сега бара можност да се врати на Стариот Континент.
За Санчез сериозен интерес покажуваат и Јувентус, Интер и Манчестер сити.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.