Шпанскиот гигант Реал Мадрид излезе со официјално соопштение, ставајќи го под заштита својот најдобар фудбалер Кристијано Роналдо, за кого деновиве излегоа шпекулации дека можеби затајувал данок и можно е дури и да заврши зад решетки. Сепак, „кралскиот клуб“ ги демантира ваквите гласини.
– Согледувајќи ги написите кои се појавија во јавноста, клубот се обрати до Агенцијата за даноци на Шпанија, од каде добивме потврда дека нашиот фудбалер Кристијано Роналдо нема никакви проблеми со даночните обврски. Токму поради ова, Реал Мадрид бара сите субјекти да имаат максимален респект кон Кристијано Роналдо, затоа што тој е човек и спортист за пример – се вели во соопштението на Реал Мадрид.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Мајката на Португалецот објави интересна фотографија: Роналдо е целиот на баба (фoтo)
-
Критијано Роналдо синоќа израмни историски рекорд на Раул, Реал М. прв стигна до 6 000 гола во Примера
-
Необичен момент пред шутот на Роналдо: Топката се подига пред ударот (видео)
-
Продолжува мизеријата на Реал: „Кралевите“ елиминирани од Купот на Шпанија на сред „Бернабе“(видео)