На Шведска годишно ѝ се потребни по 64.000 имигранти со цел да го спречи нарушувањето на економскиот раст предизвикан од недостигот на стручна работна сила, соопшти шведскиот Завод за вработување.
Се наведува дека генералнот директор на Заводот, Микаел Сјоберг, во изјавата за државната телевизија „СВТ“ нагласил дека недостигот на стручна работна сила веќе следната година може значително да ѝ наштети на Шведска.
Од Заводот наведуваат дека поради недоволниот број на работоспособни лица во земјата, потребен е поголем број на странски работници.
– Стапката на наталитет во Шведска е многу ниска. Бројот на жители се намалува. Со цел да се продолжи растот, потребна е работа, а со самото тоа и поголема популација – истакна Јохан Бишан од Заводот за вработување.
– Недостигот на работна сила веќе влијае на јавниот сектор, а во текот на наредната година последиците од тоа ќе ги почувствуваат повеќе компании -нагласи Бишман.
Според податоците на Заводот, сѐ поголем број вработувања во земјата ги добиваат лица што не се родени во Шведска.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст