Супер храната се состои од супер состојки кои на вашето тело му даваат се што му е потребно за здравјето.
1. Печурки
Вкусена месеста намирница која може да биде одлична нискокалорична замена за црвеното место. Печурките го регулираат нивото на естроген кај жените, и штитат од рак на дојка.
Брз рецепт: Исечкајте ги печурките и препржете ги на маслиново масло, додадете кромид и вино и динстајте додека виното не испари. Одличен прилог со печени пилешки гради.
2. Јачмен
Житарка богата со влакна и вистински борец против зголемениот холестерол, и многи корисна за регулирање на системот за варење.
Брз рецепт: Сварете јачмен и грав и додадете зеленчук по ваша желба и сте добиле вкусно вариво. Доколку сакате подобар вкус препржете парчиња пршута и додадете ги во варивото.
3. Ореви
Неверојатна намирница богата со омега-3 масни киселини кои го намалуваат лошиот и го регулираат добриот холестерол.
Брз рецепт: За да го извлечете од овој плод само најздравото не е потребно никакво приготвување. Помешајте шака ореви, суви смокви и семе од анис и сте добиле енергетска бомба која можете да ја комбинирате наместо десерт или помеѓу оброци.
4. Интегрални тестенини
Најздрав облик на тестенини кои содржат три пати повеќе влакна од кои било други. Житарките од цело зрно се многу здрави за вашиот организам и за варењето.
Брз рецепт: Пропржете малку кромид и додадете туна во маслиново масло, пченка и исечкан домат. Преливот послужете го со пармезан покрај интегралните тестенини.
5. Путер од кикирики или од бадеми
Оваа со протеини богата намирница содржи мононезаситени (олеински) масни киселини кои се многу добри за срцето. Путерот можете и сами да го направите.
Брз рецепт: Измиксајте 2 мали шолји пржени кикиритки или бадеми, една и пол лажица масло, пола лажичка кафеав шеќер и прстофат сол. Доколку сакате посладок путер додадете малку мед.
6. Боровинки
Ова супер овошје е богато со влакна, одличен антиоксидант и исклучително корисен за јакнење на крвните садови. Боровинките се и одличен извор на витаминот Ц, биофлавоноидите, фолната киселина, калиумот, калцимот и железото.
Брз рецепт: Сладолед од ванила или јогурт прелијте со ова вкусно овошје и сте добиле здрав десерт.
7. Леќа
Леќата се вбројува во групата на зрнести мешунки. Не содржи заситени масти, ниту штетен холестерол, а е одличен извор на растворливи и нерастворливи влакна. Познат е како енергетски вреден производ поради високата концентрација на витамин Б и големи количини на јаглехидрати.
Брз рецепт: Леќата одлично се вклопува со домати, кромид, месо, сувомесни производи, маслиново масло и овчи и козји сирења, па направете вкусно вариво или како прилог за месото.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст