Британскиот актер Тим Рот во минатото отворено зборувал за тоа дека како дете бил злоупотребуван, а сега го откри и идентитетот на лицето што го нападнало и го шокираше светот.
Рот пред речиси 20 години го режираше филмот „Воена зона“ во кој приказната била фокусирана на дете што го злоупотребува сопствениот татко.
Иако многумина претпоставуваа дека Тим го опишал своето трауматчно искуство, актерот открил за што всушност се работи.
-Мојот татко претрпел злоупотребување како дете. Имал ужасно детство, поради што оваа тема ја сфаќаше сериозно – рекол Тим и го открил идентитетот на личноста што го злоупотребувала неговиот татко.
-Татко ми бил злоупотребуван, но и јас бев злоупотребуван. Тоа од што цел живот се плашеше, ми се случи и на мене. Мене ме злоупотреби неговиот злоупотребувач, неговиот татко. Тој беше проклет силувач. Но никој никогаш не кажа ниту збор за тоа бидејќи никој не знаеше што треба да се направи. Поради тоа го снимив филмот„Воена зона“ – изјавил Рот во потресното интервју за „Гардијан“.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст