Руската компанија „Кавиар“ одлучи да му оддаде почит на новоизбраниот претседател на САД Доналд Трамп, со креирање на „Ајфон 7“ кој е декориран со неговиот лик во златна боја.
За љубителите на овој модел на телефон и на Доналд Трамп ова се секако добри вести.
Позлатениот телефон на неговата позадина го содржи портретот на Трамп со дополнителни златни детали и логото на компанијата.
Имено, освен за победата на Трамп, може да се каже дека овој телефон ги претставува подобрените односи меѓу Русија и САД.
Телефонот со ликот на Трамп е достапен во продажба и може да се купи по цена од 3.100 долари.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.