| четврток, 6 декември 2018 |

Секое трето дете вели: Читањето е губење време!

Околу една третина од децата во Бугарија го сметаат читањето за губење време, покажува истражување на меѓународниот Центар за контрола и оцена на квалитетот на образованието (ПИСА).

– Дури 40 отсто од учениците рекле дека не можат да дочитаат една книга до крај зашто им здодева уште во втората или третата минута. Учениците, кои читаат од задоволство, имаат повисоки оценки на училиште – посочува Милена Дамјанова, претседател на бугарската парламентарна Комисија за образование и наука за бугарскиот портал „Монитор“.

Податоците на ПИСА велат дека последниве години тоа е тренд што го опфаќа целиот свет: учениците се повеќе се оддалечуваа од книгата.

Така на пример, во државите од Организацијата за економска соработка и развој, приближно 37 отсто од децата не го сметаат читањето за задоволство.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top