Најмалку 12 лица, од кои 11 деца, членови на екипа акробати, денеска загинаа, а 20 се повредени во автомобилска несреќа во рускиот Хантимансиски автономен округ, пренесе ТАСС, повикувајќи се на локалните власти.
Несреќата се случила на пат што поврзува два града во Сибир.
Според првичните информации, возачот на автобус, што ја превезувал екипата актобати, ја загубил контролата и се удрил во камион, што се движел во спротивната сообраќајна лента.
Децата се враќале од натпревар.
Истражните органи соопштија дека истражуваат различни фактори, вклучувајќи ја и слабата видливост и лошите метеоролошки услови.
Во автобусот имало 32 патници, од кои 29 биле деца.
Во овој руски округ денеска е прогласен ден на жалост.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.