Одлуката за гласање на овие избори е многу едноставна, но е историска и многу значајна, порача лидерот на ВМРО-ДПМНЕ и носител на ИЕ 4, Никола Груевски од Радовиш.
– На една страна има политичка партија која работи, се грижи за граѓаните за зголемување на пензии, социјална помош, која носи инвеститори и отвора нови работни места, се труди ја зајакне државата. И друга политичка партија која се здружува со разни криминално разузнавачи структури и се става во нивни раце а за возврат бара само да ги донесат на власт. Тоа знам дека нема да го добијат, затоа што колку и да изгледа одлуката комплицирана, во суштина е многу едноставна. Народот ќе одбере реформи, создавање работни места, зголемување ена стандард поддршка на земјоделците. Граѓаните ќе ја одберат Македонија а не некој сценарист, рече Груевски.
Подвлече дека едната одлука е за секој поединечно и за неговото семејство, а другата е за Македонија.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Судот одреди 30 дена притвор за Груевски и во случајот ,,Титаник‘
-
Унгарската влада за „Макфакс“: Му дозволивме на Груевски да побара азил од безбедносни причини бидејќи беше премиер
-
На комисија изгласано одземање на мандатот на Груевски, конечната одлука на пленарна седница
-
Ниту јас, ниту другите обвинети во случајот за градбата на патиштата, не сме обвинети за земање на провизии