Македонците во Албанија очекуваат успешни избори, позитивен процес и позитивна иднина за Република Македонија по изборите, како и успешно формирање на нова влада.
Ова стои во соопштението на Македонското друштво „Илинден” со седиште во Тирана во кое уште стои дека денот на изборите, 11 декември е една од најважните крстосници за Македонија во нејзиното 25 годишно постоење како независна држава.
-Единствениот начин да ја извлечеме нашата татковина од длабоката политичка криза во која се наоѓа е да излеземе во што поголем број и да го изразиме нашето демократско право на глас. Во овие специфични времиња, ваквото право е всушност морална обврска и должност пред идните генерации Македонци да се врати државата кон вистинскиот пат како демократски и стабилен лидер во Балканот. Се надеваме дека преку овој важен настан, Република Македонија ќе чекори успешно и позитивно кон патот на Европската интеграција, се наведува во соопштението.
Посакуваме, стои во продолжение, изборниот процес и постизборниот период да даде на македонските граѓани позитивен импулс, мотивација и прилика за унапредување во политичкиот, социјалниот и економскиот живот во Република Македонија.
– Сето ова ќе биде за доброто на сите граѓани во Република Македонија и посебно за македонското малцинство во соседните земји. За сето тоа е потребен труд од сите политички и граѓански организации и здруженија, стои во соопштението на МД „Илинден”, потпишано од претседателот Никола Ѓурѓај.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст