| четврток, 6 декември 2018 |

Овој народ нема да го прифати Заев и пакетот кој доаѓа со него

59

Да дојде Заев на власт, тоа значи и доаѓање на власт на еден пакет кој доаѓа заедно со него, а тоа е начинот на работа кој го има последните 11 години во кој има измами, криминал, рекет, корупција и неодржување на сопствениот збор, истакна лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски во своето излагање на митингот од Радовиш.

– Кога овој човек се обидува на дојде на власт, секој треба да знае дека тоа значи и доаѓање на пакетот со него. Таму е и Вицето и начинот на работење кој Заев го има овие 11 години. Таму е барањето рекет и мито од секој бизнисмен што можеше да се слушне на снимките. Тој им вели на бизнисмените, нели знаш како е редот, Едно евро за општината, едно евро кај Вицето. Тоа сака да го прееменсо во цела Македонија. Затоа поразот ке му биде многу поголем. Македонија нема да го прифати тој пакет, на измами, рекет, недржење на зборот и на криминал. Нека не ве замајува дека се збогатил во времето на ВМРО-ДПМНЕ. Тој се збогати откако стана градоначалник и почна да дава тендери на своите роднини. Нарадот нема да го прифати него, и она што доаѓа со него, истакна меѓу другото, Груевски во своето излагање во Радовиш.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top