| четврток, 6 декември 2018 |

Денеска е голем празник – еве зошто е важно да го запомните овој ден!

%d0%b1%d0%be%d0%b3%d0%be

Православните верници денеска го чествуваат воведението, односно воведувањето на света Богородица како тригодишно девојче во храмот.

Според народните верувања, каков ќе биде денешниот ден таква ќе биде и наредната година.

Старите кажуваат: „Ако на Воведение паѓа дожд – наредната година ќе биде родна. Ако дува силен ветер – ќе биде неродна. Ако времето биде сончево и убаво – таква ќе биде и следната година“.

Овој празник се смета за женски. Посебно го слават породените и жените кои неможат да родат, како Богородица би им ги заштитила децата и би им подарила пород.

Денеска не се започнуваат никакви важни работи. Покрај тоа не би требало да се земаат ножеви, ножици или други сечива. Се верува дека така и чељуста на ѕверовите преку зима ќе остане затворена

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top