| четврток, 6 декември 2018 |

Ѓорчев најави изградба на градинки во сите општини во ИЕ6

Носителот на листата за пратеници од коалицијата „За подобра Македонија" во Шестата изборна единица Владимир Ѓорчев денеска најави изградба на градинки во сите општини во оваа единица.

Во секоја општина на потегот Тетово – Гостивар – Дебар од Шестата изборна единица, без исклучок, ќе изградиме нова детска градинка, бидејќи има потреба и затоа што тоа е помош за родителите. Градинките се и можност децата да имаат рано стекнување на знаења, ран детски развој, социјализација и овозможуваат родителите полесно, послободно да одат на нивното работно место, рече Ѓорчев во изјава за медиумите на стариот пат Тетово – Скопје, кај клучката за Сиричино и Требош.

Најави и изградба на голем број спортски сали, а истакна дека ќе продолжи и набавката на 270 илјади учебници за сите ученици и во основното и во средното обрзование.

– Ќе продолжиме со надоместокот за трето дете – мерка што ја користат повеќе од 20 илјади семејства во државата и што е исто така една солидна помош од државата. Кога се ќе се собере – градинки, училишта, повеќе компјутери, бесплатни учебници, економски зони, повеќе вработувања доаѓаме до поквалитетен живот за граѓаните, изјави Ѓорчев.

Според најавите, Ѓорчев ќе посети дел од жителите на општинскиот центар Брвеница, а средби ќе има и со жители на Гостивар и гостиварско.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top