| четврток, 6 декември 2018 |

Новинарката Маја Велјановска ја загуби битката со болеста

thumbnail_maja-v3

Новинарката Маја Велјановска, која боледуваше од канцер на коските, ја загуби битката со болеста.

Маја беше догогодишен успешен новинар од областа на забавата, музиката и културата. Широката јавност најдобро ја запозна преку нејзините интересни интервјуа со естрадни личности пред петнаесеттина години, во македонското издание на магазинот ,,Свет“, кое што згасна пред неколку години.

Маја беше сопруга и мајка на две ќерки.

Голем број новинари, нејзини поранешни колеги и фоторепортери покренаа неколку хуманитарни акции, на кои што со продажба на нивни фотографии се обидоа да помогнат да се соберат средства за лекување во странство.

Колегите, како и новинарите од поранешната редакција на „Свет“, преку „Фејсбук“ се простуваат од големиот борец кој не успеа да ја победи последната битка.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top