| четврток, 6 декември 2018 |

Стогодишната баба Сина побара: Со сите сили да победиме, ќе победиме!

baba-milososki

Носителот на кандидатската листа на коалицијата „За подобра Македонија“ предводена од ВМРО-ДПМНЕ во ИЕ5, Антонио Милошоски, при вчерашната посета во Крушево, имаше емотивен разговор со една 100-годишна жителка, која од срце ги сака ВМРО и Македонија и гласа за нив.

Таа им посака многу среќа- Со сите сили да победиме. Ќе победиме, рече 100-годишната баба Сина од Крушево.

Милошоски видеото го објави на својот Фејсбук профил и напиша: Мажот на крушевчанката Баба Сина лежел 4 години на Голи Оток. Таа дома, мајка на 5 деца. Сега има 100 години и од срце ги сака ВМРО и Македонија и гласа.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top