Познатата актерка во интервју за „Бирди“ отворено ги призна семејните тајни. Менди Мур, вели дека пред се, нејзините двајца браќа уште од рана возраст се декларирале како хомосексуалци. Склоност кон ист пол има и нејзината мајк, која таткото на Менди го оставила за друга жена.
Мур вели дека не жали за ништо.
– Тие си се верни на самите себе, живеат автентично и сите се многу посреќни, побогати и поисполнети – вели Мур.
Актерката неодамна и самата одлучи да биде искрена пред себе. На почетокот на годината одлучи да се разведе од нејзиниот сопруг, музичарот Рајан Адамс.
Триесет и двегодишната актерка сега е во врска со друг музичар, Тејлор Голдс, а се надева дека наскоро ќе може да се оствари и во улогата на мајка.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Им одржа лекција на двојно помладите колешки: Сите гледаа во актерката
-
Сите ја колнат: Српската актерка која беше пронајдена мртва криела страшна тајна!
-
Траеше само две минути: Познатата актерка ја призна врската со малолетникот!
-
Славна убавица пронајдена мртва во својот стан: Камерите откриваат морничав детаљ!