| четврток, 6 декември 2018 |

Врзана, претепана, жигосана: Млада мајка врескала за помош, никој не застанал да ѝ помогне

Шери претрпела физичко и психичко насилство – била прекриена со модринки, со скршен нос и истрижена коса. За време на нејзиното заложништво очигледно била изгладнувана, бидејќи имала помалку од 40 килограми кога ја пронашле

Кит Папини, сопругот на Шери Папини, која била киднапирана и мачена 22 дена, открил како Шери се ослободила и што се случувало за време на киднапирањето.

По три недели без никаква трага, исчезнатата мајка на две деца се појавила на пат во близина на Сакраменто во Калифорнија – осакатена, истрижена, претепана и жигосана.

– Го пресекле тоа со кое ја држеле заврзана за автомобилот и ја исфрлиле со кеса на главата, окована со синџири околу половината. Кога сфатила дека се нашла на слобода, Шерил врескала со сета сила барајќи помош, почнала и да искашлува крв. Возилата поминувале покрај неа, никој не сакал ни да запре – открил низ солзи нејзиниот сопруг Кит.

Шери претрпела физичко и психичко насилство – била прекриена со модринки, со скршен нос и истрижена коса. За време на нејзиното заложништво очигледно била изгладнувана, бидејќи имала помалку од 40 килограми кога ја пронашле.

– Нејзиното сега слабо тело е прекриено со модринки, изгореници, црвен осип и рани од синџири. Освен тоа, таа е и жигосана“, рекол нејзиниот сопруг. Таа рекла дека ги разбирала возачите кои не сакале да запрат и да ѝ помогнат, оправдувајќи ги со својата страшна глетка – пишува „Дејли мејл“.

Шерифот Том Босенко после разговорот со Шери утврдил дека ја киднапирале две жени со хиспанско потекло, од кои едната имала кадрава коса и силен акцент, а другата имала црна долга коса со бели прамени и густи веѓи. Иако не се знае причината за киднапирањето, постои сомнеж дека била потенцијална жртва на трговија поради проституција.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top