| четврток, 6 декември 2018 |

Доктори мамеле на тестови за возачка дозвола

ПС Кочани поднесе кривична пријава за Ј.А. (47) од Гевгелија – доктор по општа медицина, поради постоење основи на сомнение за сторено продолжено кривично дело несовесно работење во службата и против М.Е. (55) и Б.П.М. (27), двајцата од Кочани – доктори по општа медицина поради постоење основи на сомнение за истото кривично дело.

Првопријавената во пет наврати во текот на 2015 година, а второ и третопријавените по еднаш, пропуштајќи должен надзор, несовесно постапиле и им овозможиле да го положат тестот за проверка на знаењата од курсот по прва помош. На тој и им бил издаден издаден сертификат за извршено оспособување на кандидат за возач од областа на укажување на прва помош на лица повредени во сообраќајни незгоди, иако истите не ги исполнувале условите да се стекнат со право за полагање, бидејќи не присуствувале на целосна настава.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top