| четврток, 6 декември 2018 |

Грчката компанија за храна „Крета фармс“ од јануари влегува во Македонија

Грчката компанија за храна „Крета фармс“ од следната година влегува и на македонскиот пазар, соопшти компанијата.

Производите ќе се пласираат во супермаркетите во Македонија од јануари преку стратегиски договор со локален партнер.

Во соопштението, „Крета фармс“ истакнува дека одлуката е донесена врз основа на исклучителните резултати за широкото прифаќање на нејзините производи „ен елади“ во Република Македонија, серија производи со кои фирмата е лидер во Грција.

– Влезот во Република Македонија, во комбинација со Романија и со Бугарија, создава плодна почва за понатамошно развивање на активностите на „Крета фармс“ во поширокиот регион на Балканот – велат од компанијата.

Фирмата информира дека двете страни ќе поддржат одредена рекламна кампања и истакнува дека нејзин партнер во Република Македонија е еден од најголемите дистрибутери во земјата кој опфаќа мрежа од 2.581 продажни места.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top