| четврток, 6 декември 2018 |

Атлетико Насионал јавно се откажа од пехарот кој најверојатно ќе заврши во рацете на Чапекоенсе

Јужноамериканската Фудбалска Асоцијација КОНМЕБОЛ веќе донела одлука титулата во „Копа Судамерикана“ да биде доделена на бразилскиот клуб Чапекоенсе откако повеќемина од фудбалерите и стручниот штаб загинаа во авионската несерќа пред неколку дена во Колумбија.

Бразилскиот весник „Глобо“ тврди дека раководството на КОНМЕБОЛ ја донело одлуката, а на ваков чекор се решило откако и самиот противнички тим Атлетико Насионал јавно се откажал од пехарот и воедно противникот во финалето ја покрена оваа иницијатива.

Според „Глобо“ одлуката е веќе донесена, но за да биде официјлана мора да биде потврдена и од „Советот на КОНМЕБОЛ“, а тоа треба да се случи на следниот состанок на 21.декември. Воедно објавата таа одлука ќе почека бидејќи во Бразил се денови на жалост и од таа причина ќе биде соопштена подоцна.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top