Министерката за култура, Елизабета Канческа-Милевска, потенцирајќи дека меѓународната соработка е еден од приоритетите на Министерството за култура, ги презентираше активностите што ќе се реализираат во рамките на меѓународната соработка која ја остварува Министерството, како и на проектите кои се дел од Годишната програма и кои ќе бидат реализирани во периодот што следува.
-Во текот на овој месец македонската култура ќе биде презентирана во повеќе земји. Нашата културна политика е во функција на надворешната политика на Република Македонија и во оваа смисла, на 20 мај, по повод одбележувањето на 20-годишнината од воспоставувањето на билатералните односи со Шведска, ќе реализираме еден навистина значаен настан во Стокхолм. Имено, по успешните настапи во Израел и во пресрет на турнејата во Австрија, во престижната сала Konserthuset во Стокхолм, каде што традиционално се доделува Нобеловата награда, свој целовечерен концерт ќе одржи Ансамблот за народни игри и песни „Танец“. Со задоволство ќе ве информирам дека сите влезници за концертот се веќе распродадени што говори дека интересот кај шведската публика за македонската култура и традиција е навистина многу голем. Во втората половина на годината, во Шведска ќе ја претставиме и илјадагодишната писмена традиција на Македонија преку изложбата на старите ракописи, која ќе се реализира во втората половина на годината, информираше министерката.
Уште еден значаен настан со кој ќе се одбележи меѓународната презентација оваа година е и манифестацијата „Македонија во чест на свети Кирил“, која традиционално се одржува во Рим повеќе од 4 децении.
-Би сакала да забележам дека во последните години воведовме еден нов принцип во изборот на програмата за претставувањето во Рим, односно избор на побројни и покомплексни содржини со кои претставивме значителен дел од нашата богата, повеќеслојна култура. Оваа година, во духот на големиот историски датум, 1150 години од моравската мисија на браќата Кирил и Методиј, оваа година во културната програма ќе бидат забележани настапот на хорот „Свети Климент Охридски“, кој има долгогодишна традиција во негувањето на духовната музика, а ќе биде претставена и монодрамата „Јустинијан Први“ во изведба на актерот Петар Темелковски – проект од Центар за култура Прилеп. Со оваа претстава РМ дава свој придонес во одбележување на 1800-годишнината од Миланскиот едикт, кој претставува јавна објава за непречена слобода на вероисповедта, објава која била потврдена од големиот византиски цар Јустинијан Први. Делата на Кирил и Методиј ќе бидат чествувани и во Руската федерација, на Фестивалот на словенската музика во Москва на кој токму денеска ќе се претстават мандолинскиот оркестар под раководство на Рамадан Шукри, кој повеќе од три децении успешно ја остварува својата мисија и на национално и на меѓународно ниво, а свој настап на фестивалот ќе има и кларинетистот Ристе Ѓорески, во пијано придружба на Александар Наумов, соопшти министерката за култура.
Во продолжение беа презентирани уште неколку претставувања, како Денови на македонската култура во Холандија, гостување во Ница, на 7. Франкофонски игри, НУБ „Св. Климент Охридски“, кој ќе биде комесар на претставувањето на Саемот на книгата во Белград, Операта ќе гостува во Џакарта, Театар Комедија ќе гостува во Мостар, Спомен- домот на Мајка Тереза ќе ја промовира оваа институција во Фиренца; Афродита Кики ќе има свое претставување во КИЦ во Софија, каде што своето творештво ќе го претстави и Венко Андоновски, Роберт Јанкуловски со Центарот за фотографија ќе ја претстави старата македонска фотографија во Њујорк, а хорот „Злата Мегленска“ ќе има свој настап во Египет.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст


