Ирина Шајк ги изненади сите, кога се појави бремена на модната ревија на „Викторија Сикрет“. Убавиот руски топмодел очигледно очекува дете од партнерот Бредли Купер, кое ќе е прво и за двајцата.
Славниот модел Ирина Шајк го сокри стомачето на ревијата на „Викторија Сикрет“ , но ретко кој не ја забележа убавата новост.
Таа ги изненади сите, кога се појави бремена на модната ревија на „Викторија Сикрет“. Убавиот руски топмодел очигледно очекува дете од партнерот Бредли Купер, кое ќе е прво и за двајцата.
Ирина се обиде да го прикрие стомакот, но будните фотографи успеаја да ѝ ја уловат тајната. Всушност модната ревија на топ брендот за долна облека, која се одржа вчера во Париз, беше деби за 30-годишната Шајк.
Според сајтот „E! News“ запрепастувачката бринета е во второто тримесечје од бременоста и е исклучително возбудена од фактот дека ќе станува мајка. Веројатно и Бредли се возбудува дека ќе станува татко, бидејќи многу пати истакнуваше во интервјуа, дека веќе е подготвен за овој чекор во животот.
А ако ги разгледаме последните фотографии кои таа ги објави на Инстагарам, ќе забележиме дека веќе извесно време таа вешто го крие стомачето.
Ирина и Бредли се заедно година и половина, а живеат главно во Њујорк. Засега двајцата не ја коментираа среќната вест, но се очекува да ја прогласат официјално веста наскоро.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст