| четврток, 6 декември 2018 |

Во Струга нападнати полицајци на фудбалски натпревар

fudbal

Според полициското соопштение, вчера во 18.30 часот во Струга, за време на одржување на фудбалскиот натпревар меѓу екипите на ФК „Караорман“ – Струга и ФК „Лабуништа“ од село Лабуништа, биле фрлани предмети на теренот, при што едно лице од публиката ја прескокнало заштитната ограда и влегло на теренот.
– Откако полицајци му побарале лична карта, тој одбил да се легитимира, по што „поголема група навивачи физички ги нападнале полицајците нанесувајќи му телесни повреди на еден полициски службеник – велат од полицијата и известуваат дека работат на целосно расчистување на случајот.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top