НУ Турски Театар во копродукција со НУ Албански Театар в недла (5 декември) ќе ја изведе претставата „Слуга на двајца господари“ од Kарло Голдони. Режија: Јуџел ЕРТЕН, Сценографија: Валентин СВЕТОЗАРЕВ, Костимографија: Благој МИЦЕВСКИ, Драматургија: Јуџел ЕРТЕН, Маја СТЕВАНОВИЌ, Превод: Рекин ТЕКСОЈ, Џанан АЛИ, Артин СЕЛАНИ, Маја СТЕВАНОВИЌ, Сибел АБДИУ, Асистент на режија: Сибел АБДИУ, Светло дизајн: Орхан МЕХМЕТ, улогите ги толкуваат: МУСТАФА БЕЈ: Тамер ИБРАХИМ, ЃУЛЧЕ: Несрин ТАИР, БУРБУЧЕ: Емине КАДРИУ, АЛЕКСАНДАР: Неат АЛИ, ГОСПОДИНОТ РЕФЕТ: Висар ЕТЕМИ, АЈЕТА: Аида ЕЛЕЗИ, АЛКО: Селпин КЕРИМ, ШАБАН: Осман АЛИ, ИНСПИЦИЕНТ, КЕЛНЕР, НОСАЧ: Ерман ШАБАН.
Претставата се изведува на турски, албански и македонски јазик.
„Слуга на двајца господари“ од Карло Голдони е напишана 1753 година. Тоа е комедија за љубов и леб. Но во овој наш гнил свет на губришта и одпадоци, тешко е да се дојде до љубовта и до лебот. Турчинот Шабан, истовремено им служи на двајца господари, едниот Македонец а другиот Албанец за да заработи некој денар повеќе. Ова е комедија за напорот на истрајните вљубени невини млади карактери: Македонецот, Турчинката, Албанката и Торбешот да бидат со своите сакани… Тогаш, најприродно е концепцијата да се движи во рамките на овие три јазика и фантастична лингвистичка мешавина која опстојува во Македонија. Токму тоа и го направивме…
Познато ви е дека Голдони, италијанскиот народен театар – Комедија дел арте ја реформираше во пишана книжевна форма. Секако беше мошне важно во претставата да се задржи оваа историска традиционална форма. Но, постои уште еден факт: народниот театар насекаде во светот е флексибилно податлив, темпераментно нескротлив и е епски. Невозможно е да се смести во пишан текст, тој врие и прекипува. Од друга страна, турскиот традиционален театар во многу аспекти е близок на Комедија дел арте. Тука не зборувам за формата. Мислам на изведбата на претставата, како што Брехт ќе каже ‘gestus’. Зборувам за импровизацијата кон која глумците се навраќаат, според состојбата и потребите, за да изразат ставови, да протестираат, кога се бара излез од тешкотиите. Но со една разлика: на крајот импровизацијата да биде дисциплинирана како во пишаниот текст, така што ќе мине низ еден академски филтер…
Во оваа верзија која ја подготвуваме со Турскиот театар и со Албанскиот театар како копродукција по повод одбележувањето на 65 годишнината од основањето, се водевме од две основни потки: преплетувачките точки на трите јазика, нешто што е невозможно да се најде во други подневја и остриот хумористично – сатиричен јазик на традиционалниот народен театар. Среќна годишнина, вели Јуџел ЕРТЕН.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.