Покрај тоа што државата ќе дава 60 проценти од трошоците за трактор и земјоделска механизација, ќе покрива 80 проценти од системот „капка по капка“, набавка на високопридонес добиток, државата сериозно ќе инвестира во руралните средини, посочи денес од Тетово, Владимир Ѓорчев носител на листа во ИЕ 6 од ВМРО-ДПМНЕ.
-По 20 милиони евра за македонските села, за улички, патчиња, сокаци, мали плоштадчиња, домови на културата, домови за млади луѓе. Сериозно ќе се фокусираме и сконцентрираме на руралните средини и во делот на земјоделството и во делот на локалната инфраструктура, како и руралните економски развојни зони ќе овозможиме голем број на откупни центри, голем број на стопански капацитети со што ќе имаме зголемување на вработеноста – истакна Ѓорчев.
Тој додаде дека како ќе се намалува невработеноста, така ќе растат платите на вработените.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст