Случајот на Лорена и Џон Бобит се развлекуваше по насловните станици на многу светски весници. Настанот се случил во Вирџинија во 1993 година. Лорена со нож му го отсекла пенисот на Џон (49) додека спиел, го зела со себе и го изфрлила од автомобил во движење. Малку подоцна сфатила што направила, па сама се пријавила.
Полицајци успеале да најдат дел од органот, па лекарите му го пришиле во блница. Денеска, 23 години по случката Џон, поранешен маринец, се сеќава што се случувало.
-Не бев свесен дека ми го отсекла. Многу брзо се случувше. Ја видов со крајче на окот како истрчува од собата, а кога погледнав надолу, на сите стани имаше крв. Се обидов да го запрам крвавењето, облеков панталони и отидов во болница.
По операцијата Џонцелосно закрепнал, иако набрзо по нападот размислувал да се самоубие. Лорена е ослободена, зашто вештаци заклучиле дека во текот на нападот била привремено непресметлива поради тоа што била жртва на системска и повеќегодишна психичка и физичка злоупотреба од страна на Џон и поради неговите бројни афери со други жени, со кои дури и се фалел.
Освен тоа, ја натерал да абортира, а ѝ крадел и пари.
Се разделиле во 1995 година, по шест години брак и отсечен пенис.
За да може да го плати лекувањето Џон основал бенд, аво 1994 година глумел во својот прв порнофилм. Две години подоцна снимил уште еден. Неговиот порноопус брои 5 филма.
-Моите филмови се најдобри во историјата, сум добил и многу награди. И денес ми доаѓаат солзи на очите кога ќе се сетам дека операцијата заврши успешно и дека добив ерекција. Веднаш ѝ се јавив на мајка ми. Таа ми рече дека не сака да слуша, па ми го даде татко ми.
Лорена е мажена и ракожводи со организацијата „Црвениот вагон на Лорена“, која им помага на жртвите на домашно насилство.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.