| четврток, 6 декември 2018 |

Фатени арамии што ограбуваа жени во Куманово

zlato

Двајца млади жители на кумановско Черкези се офатени и обвинети дека извршила серија кражби на златни ѓердани од жени на улица, кои ги продале за 140.000 денари. Уапсен е и купувачот на ѓерданите.

СВР Куманово поднесе кривична пријава за В.Л.(18) и В.Џ.(17), двајцата од село Черкези, за осум кривични дела тешка кражба на дрзок начин од кои едно во обид, како и за Х.А.(37) од Куманово за две кривични дела прикривање.

Во  периодот од април до мај 2013 година, во централното подрачје во Куманово, В.Л. и В.Џ. со употреба на сила  од седум женски лица одзеле златни ѓердани во вредност од 140.000 денари, по што одземените предмети му ги продале на Х.А., кој знаел дека потекнуваат од извршено кривично дело. Истражен судија на В.Л. му одреи мерка притвор во траење од 30 дена, додека на В.Џ. мерка домашен притвор во траење од 30 дена.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top