| четврток, 6 декември 2018 |

Болт го прифати предизвикот, трка на 30 метри со Обамејанг?!

bolt-i-obamejang

Во последните неколку недели светските медиуми наголемо пишуваат дека најбрзиот човек на планетата, Јусеин Болт е подготвен да се обиде на фудбалските терени.

Деветкратниот олимписки шампион во едно интервју за „Си-Ен-Ен“ зборуваше за тоа дека е голем вљубеник на фудбалската игра како и за снимањето на неговиот прв филм „Јас сум Болт“, а на крајот накратко одговори на прашањето на фудбалерот на Борусија Дортмунд, Обамејанг дали е подготвен на трка на 30 метри.

– Се разбира дека да, но знам дека си свесен дека нема да победиш – веднаш возврати Болт.

За Болт, кој моментално се наоѓа во Европа каде што го промовира својот нов филм, овој предизвик од страна на голгетерот на Борусија Дортмунд е втор откако пред една година дуел побара фудбалерот на Арсенал, Хектор Белерин.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top