| четврток, 6 декември 2018 |

Киев почна ракетни проби кај Крим, руската флота во состојба на готовност

Киев денеска почна со дводневни ракетни тестирања во јужниот дел од државата, недалеку од Крим, додека како одговор на тоа, воени бродови на руската Црноморска флота зазедоа позиции кај западниот брег на Крим во обид да се засили воздушната одбрана.

Министерството за одбрана во Москва соопшти дека Русија ќе одговори на украинските воени вежби со соборување ракети што ќе се најдат во зона на летови над Симферопољ и Одеса.

– Воени бродови на Црноморската флота зазедоа позиции во близина на западниот брег на Крим за време на украинските ракетни тестирања на 1 и на 2 декември. Заедно со единици на ВО базирани на копно на Крим, бродовите формираат практично непробоен штит од непријателски ракети, вели воен извор за руски медиуми.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top