Во Амстердам во 69-тата година од животот умрел Слободан Митриќ, познат како Карате Боб, поранешен шпион на Јосип Броз Тито, како што го претставувале холандските медиуми.
Митриќ во Холандија пристигнал во 1973. година, кога во Амстердам, за Божиќ убил тројца Срби поради што добил 13 години затвор. Иако полицијата официјално наведувала дека станува збор за пресметка на подземјето, Карате Боб, како што го нарекувале поради владеењето на таа боречка вештина, тврдел дека станувало збор за професионална задача на еден таен агент.
По издржувањето на затворската казна не се вратил во тогашна Југославија поради проценката дека би можел да биде убиен, но Холандија сепак го прогласила за “непосакуван странец”. И покрај тешките животни прилики, практично без никакви права, 43 години останал да живее во Амстердам.
За време на издржувањето на затворската казна напишал мемоари кои холандските издавачи му ги објавиле под наслов “Тајниот агент на Тито” или “Geheim Agent Van Tito”, а потоа објавил уште неколку интригантни наслови за подземјето и работата на тајните служби.
Во книгите бил претставен како југословенски Џејмс Бонд и во нив објаснувал дека за потребите на југословенската тајна служба убивал мети во земји од Источниот блок, Франција, Шведска и Белгија. Бил опишан и како маж пред чиј шарм жените не останувале рамнодушни.

Од смртта на неговата партнерка во 2006. година, холандските власти одбиле да му даваат било каква социјална помош, сместување и здравствена заштита. Кога министерот Герд Лирс одлучил во 2012. година да го депортира во Србија, Митриќ веќе боледувал.
Последните денови ги минал на таванот на една напуштена училишна зграда во источниот дел на Амстердам. Бил пронајден случајно во тешка состојба и пренесен во болница, каде набрзо и починал.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст


