На тема „Прислушување“ вечерва на ТВ Алсат-М во емисијата „200“ на политичка ТВ-дебата се соочија претставници од четитеи големи партии, од македнскиот и албанскиот блок, носители на пратеничките листи во првата изборна единица: Никола Попоски од Коалицијата за подобра Македонија, Стево Пендаровски од СДСМ, Артан Груби од ДУИ и Идриз Орана од ДПА.
Бомбите на опозицијата, работата на СЈО и судството во Македонија, евроинтеграците, од кои центри на моќ доаѓаат странските служби, кој прислушувал, двегодишната криза што ја создаде СДСМ се полиња на кои немајќи факти, Пендаровски не да му се спротивстави на Попоски.
Тој нагласи дека нема желба која СДСМ не ја стави на маса, почнувајќи од тоа да имаат министер за МВР, ДИК итн, а која ВМРО-ДПМНЕ не ја исполнил се со цел да ги извадат на избори
-Јас се согласувам со господинот Пендаровски дека “ние може само да гледаме и да набљудуваме“. Тоа СДСМ најдобро го прави, гледа и набљудува, не дај боже да треба да имаме некаков проблем да решаваме, недај боже да имаме некакв криза, бидејќи проверено е во пракса дека не знаат да дејствуваат и да решаваат проблеми, рече Попоски.
Пендаровски се обиде со манипулации и спинови да ја префрли топката и да создаде слика дека влста не соработува со СЈО, самата себеси се прислушувала, создава криза во судството, е виновна за кризата во Македонија.
На обвинувањата на Пендаровски дека власта не соработува со СЈО, Попоски реплицира дека СДСМ се обидува да воведе приватна правда со ексклузивноста што ја има врз СЈО, а тезата дека редовното судство не функционира за Попоски е неиздржана од проста причина што слично Пендаровски е еден од актерите кои донесувале одлуки кој ќе биде во судството.
-Вие мора да ја согледате реалноста во очи дека цело време избегнувате од тоа дека македонскиот народ, граѓаните на Републуика Македонија треба да ги носат одлуките за тоа која политичка опција да биде на власт. Значи, цело време инсистирате на тоа дека треба ние цело време да бидеме неспособни да носиме одлуки и дека треба некој од надвор да ги носи тие одлуки. Јас целосно не се согласувам со тоа, рече Попоски.
Попоски рече дека ако резултатите и одговараат на опозицијата тогаш е во ред, ако резултатите не им одговараат, тогаш некој нешто лажирал, некој нешто местел. Коментирајќи ги политички бомби и договорноста околу нив, Попоски рече дека во Република Македонија има институции кои носат одлуки за тоа.
-Па ве молам, вие сте биле таму во Кбинетот на претседателот кога сте ги носеле овие одлуки за тоа кој треба да биде во судството. Вие сте човек кој учествувал во носење на сите одлуки за тоа кој треба да биде во судството. Вие сте биле во Кабинетот на претседателот Бранко Црвенковски. Имаат политички лидер кој е единствениот аболициран политичар во РМ. Сите други им се криви, едноставно тоа е пристапот и никогаш не оставаат граѓаните да си го изразат својот став, да излезат, да имаме слободни избори и покрај тоа што сите желби им се исполнети. Секогаш некој друг им е крив. Јас предлагам ние да се фокусираме на тоа кој што нуди во државата, затоа што СДСМ сме го виделе на власт, сме виделе како изгледа со 38 процентна невработеност, сме виделе како изгледа кога има само 580 илјади вработени во државава, знаеме и како е сега. Значи, оваа влада е таа која има испорачувано резултати на конкретни работи, рече Попоски.
Тој додаде дека СДСМ се однесува како никој никогаш да не видел како изгледало кога биле на власт.
– И сега со инсинуации, овој истиот човек кој е лидер на вашата партија излегува со прислушувани материјали и вели некој друг прислушувал. Значи одлучете се дали прислушувал Зоран Заев или прислушувала власта. Доколку е едното или другото тогаш кажете ни кој прислушувал, рече Попоски.
Коментирајќи ги ставовите на Пендаровски околу аболицијата, Попоски рече дека единствениот политичар кој е аболициран во РМ е Зоран Заев, ниту еден друг.
Попоски потсети дека две и пол години СДСМ го залажува народот дека излегува на избори, ќе победи и дека новиот премиер на Владата е претседателот на СДСМ, Зран Заев, а потоа ден пред изборите бега од соочување.
Нема потреба да дискутираме кој прислушувал, СДСМ се тие кои прислушуваат. Ако се навистина демократи требаше да кажат во ред: тоа и тоа сме направиле, одредени луѓе ангажиравме за да прислушуват.
-За странските фактори тоа беше изјава на Зоран Заев дека работеле заедно со него во делот со прислушувањето. Јас мислам дека треба нив да ги прашате, тој кажува дека прислушувал дваесет илјади луѓе и тој ќе одлучува што ќе се објавува. Тој човек треба да одговори кој прислушувал. Јас знам дека има сериозна манипулација во ова. Зоран Заев почна со бројка од 60 илјади луѓе, па почна да симнува на 30 на дваесет. Зошто ако се демократи не ги емитуваат разговорите на Заев, Шекеринска, Пендаровски, па сите демократски да процениме, истакна вечерва Поповски.
На крајот Попоски нагласи дека македонски проиритет се влезот во ЕУ и НАТО, и не треба на јавноста да ѝ се наметнува став дека влста има проиритет да се приклони кон Русија и Турција, зашто тоа не е вистина.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст