Колицијата „За подобра Македонија“ предводена од ВМРО-ДПМНЕ попладнево одржа еуфоричен мини митинг во скопската населба Бутел.
Она што требаше да биде мини-митинг излезе митинг. Вакви се коментарите на социјалните мрежи по собирот во Бутел каде збор зедоа дел од кандидатите за пратеници во втората изборна единица на владејачката коалиција.
Покрај Трајко Вељаноски и Јохан Тарчуловски, пред присутните се обратија и кандидатите за пратеници Дарко Костовски, Весна Дамчевска – Илиевска, како и Тимчо Муцунски.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.