Германскиот првак Рајн Некар Ловен го потврди трансферот на македонскиот репрезентативец Филип Талески на својот веб-сајт. Левиот бек на Металург потпиша тригодишен договор со „лавовите“ со важност од летото 2018 до 2021 година.
– Секој млад ракометар сонува да игра во Бундес Лигата, а Рајн Некар не е само меѓу најдобрите во Германија, туку и меѓу најдобрите во Европа, па немав дилеми околу изборот – изјави Талески, кој сезонава веќе постигна 38 голови во Лигата на шампионите за Металург.
– Задоволни сме што Филип го одбра Рајн Некар. Тој е голем талент и сакаше да го направи следниот чекор во кариерата со нас – изјави спортскиот директор на Рајн Некар, Оливер Рогиш.
– Талески е иднината на Рајн Некар, а дали ќе ни се придружи пред летото 2018 година, ќе видиме, се уште сме во преговори со Металург – велат од Рајн Некар.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Павлопулос: Нема да прифатиме своеволни толкувања на Договорот од Преспа
-
Заев: Македонско-грчката комисија ќе почне да работи откако ќе се ратификува Договорот од Преспа во двете земји
-
Каменос се закани дека ќе ја напушти владата, кога Договорот од Преспа ќе дојде во парламентот
-
Кувелис: Договорот од Преспа ќе биде ратификуван во грчкиот Парламент