Еден од најдобрите македонски стилисти, Марјан Петров, момчето кое за кратко време ја освои довербата на многу познати македонски личности, но и на сите девојки во неговата родна Струмица, се разбира, преку квалитетот и одличната работа, викендов, по покана на организаторите, беше гостин, а воедно и преставник на Македонија на меѓународниот Балкански фестивал во Солун на кој учествуваа најпознатите стилисти од овие простори.
Бројката од 3.000 гости, сама по себе говори за големината на ова случување од ревијален карактер, каде што Петров повторно успеа да се издвои по својата уникатност, а инспирацијата за сработеното на сите е од анинираниот филм „Снежно кралство“.
– Ова за мене е едно од подобрите искуства, а како и досега, така и во периодов кој следува ќе продолжам својот талент и умешност да ги претставувам надвор од границите на нашата земја – вели стилистот Петров.
Статуетката и пофалницата кои ги доби Петров, се само уште еден убав спомен кој ќе го потсетуваат на сите напори за усовршување во неговата работа и афирмацијата на нашата земја во светот на модата, нешто што сѐ повеќе и повеќе луѓе го препознаваат кај него, па токму затоа и му ја довериле довербата да се грижи за нивниот изглед.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.