| четврток, 6 декември 2018 |

Во животот се вљубуваме трипати

Во животот се заљубуваме само во тројца луѓе и секоја од овие личност ни е потребна од различни причини.

Првата љубов ни се случува кога сме млади, најчесто во средно. Тоа е онаа идеализирана љубов која нè потсетува на онаа од бајките кои сме ги читале како деца.

Втората е онаа тешката – онаа која нè учи на лекции за тоа кои сме и колку често сакаме и ни треба да бидеме сакани. Ова е оној тип на љубов која боли, без разлика на лагите, болката или манипулациите.

Нашата втора љубов може да биде круг кој често го повторуваме затоа што, од некоја причина, убедени сме дека на крајот ќе завршиме со крај поинаков од претходниот. Сепак, колку и да се обидуваме, некако, повторно завршуваме на истото место, а понекогаш и полошо отколку сме мислеле.

И тогаш, доаѓа третата, тогаш кога воопшто не сме ја очекувале, ненајавена која сме убедени дека е погрешна затоа што ги руши сите наши претходни очекувања и идеали. Овој тип на љубов ни се чини како невозможна. Тип на љубов каде поврзаноста не може едноставно да се објасни, а ни тропнува на вратата тогаш кога најмалку сме очекувале.

Во овој тип на љубов се поврзуваме со другата личност на некое необјасниво ниво и едноставно сè совршено се спојува. Сме прифатиле кои сме и што сме, па и љубовта доаѓа природно. Ова е оној тип на љубов кој повторно и повторно се враќа и тропнува на нашата врата, без разлика на тоа колку време ни треба да ѝ отвориме.

 

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top