| четврток, 6 декември 2018 |

Петта сезона дебатен филмски клуб „Лале“ во МКЦ

Од среда, 30 ноември, во Младинскиот културен центар (МКЦ) почнува петтата сезона на Дебатниот филмски клуб „Лале“. Проекциите и дебатите се одржуваат секоја среда, во Џебното кино во МКЦ.
– На почетокот почнуваме со „Ali: Fear Eats the Soul“, (Сите ние сме Али) на контроверзниот воркохолик Рајнер Вернер Фасбиндер. Филмот кој во 1974 година го доби највисокото признание од жирито на новинарите (Фипресци) на фестивалот во Кан – велат од МКЦ.
Влезот за сите проекции е бесплатен.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top