| четврток, 6 декември 2018 |

Познат идентитетот на загинатите во сообраќајката Штип-Радовиш

Две лица загинаа вчеравечер околу 17.50 часот на магистралниот пат Штип-Радовиш, во тешката сообраќајна незгода помеѓу автобус „БМЦ“ со струмички регистерски ознаки управувано од Г.Ј. (36) и автомобил „мерцедес 190“ со скопски регистерски ознаки управувано од Т.К. (43) од Скопје.

Во незгодата од здобиените повреди на самото место починал Т.К. и сопатничката од возилото И.И. (50) од Струмица.

Во автобусот имало неколку лица кои се здобиле со телесни повреди, на истите им била укажана лекарска помош и се пуштени на домашно лекување.

Увид извршиле јавен обинител и увидна екипа од ПС ОН-Радовиш. Телата на починатите се предадени на семејствата за погреб.

Од 18.00 до 22.00 часот сообраќајот на оваа делница бил во прекин.

Се работи на целосно расчистување на случајот.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top