Голема караница во опозициските редови предизвикал завчерашниот митинг на ВМРО-ДПМНЕ. Дел од раководството и партиското членство му префрлило на Заев дека по она што завчера се случуваше во Скопје, веќе ниту еден човек во Македонија не верува дека СДСМ може да направи било што на изборите во декември. Дел од раководството смета дека СДСМ лошо ја води предизборната кампања и дека на две недели пред изборите, веќе е јасно дека разликата со ВМРО-ДПМНЕ ќе биде изразена со околу 150.000 гласови, пишува „Вечер“.
Капак на се ставило и појавувањето на митингот на ВМРО-ДПМНЕ на австрискиот министер за надворешни работи, Себастијан Курц. Дел од раководството и членството му предочило на Заев дека додека СДСМ на своите митинзи вика пропаднати политичари од редот на Станишев и Ховит, на митингот на ВМРО-ДПМНЕ се појавува еден од клучните играчи во европската политика и дипломатија, што јасно ставило до знаење пред граѓаните, дека меѓународниот фактор ја усмерува поддршката кон ВМРО-ДПМНЕ откако станало јасно дека СДСМ, едноставно нема капацитет да направи нешто повеќе.
И политичките аналитичари испратија јасни пораки дека на овие избори СДСМ нема што да бара. Според нив, прашањето не е кој ќе ги добие изборите, туку колкава ќе биде разликата со која ВМРО-ДПМНЕ ќе го победи СДСМ. Според нив, би можело да се очекуваат околу 150.000 гласа разлика, што доколку се исполнат сите услови, може да донесе апсолутно мнозинство за ВМРО-ДПМНЕ во македонскиот законодавен дом.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст