На митингот во својот роден град Велес вечерва Илија Димовски понесен од победничката атмосфера на бината се качи со развиорено македонско знаме.
Носителот на Изборната единица 3 на ВМРО-ДПМНЕ на овој потег се одлучил откако на вчерашниот митинг на СДСМ во Велес, за прв пат во историјата на градот на политички митинг се појавија албански знамиња на една македонска партија.
Ваквата постапка од страна на СДСМ ги згрози велешани, исто како што е згрозена целата македонска јавност од најавите за двојазичност и федерализација на Република Македонија.
– Срамно е што во срцето на Македонија вчера на митингот на СДСМ имаше повеќе албански знамиња од македонски знамиња. Ова е прв пат во историјата на Велес да има албански знамиња на митинг на една голема македонска партија, рече Димовски.
Со македонското знаме Димовски даде до знаење дека Република Македонија нема да дозволи ниту двојазичност ниту федерализација ниту било какви погубни сценарија за македонците.
Димовски ги повика велешани на 11 декември сите да излезат и да се спротистават на сите антимакедонски сценарија кои што ги презентира СДСМ.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Димовски: Вие одлучивте во овој мандат да не се гради Клинички центар
-
Илија Димовски: Доколку се заврши оваа процедура, одговорно тврдам дека покрај Преамбулата, во Уставот ќе бидат променети најмалку 51 член (видео)
-
Лидер: И градоначалникот на Велес дел од аферата „Фонд за иновации“
-
Со зборови на СДСМ, дури кога режимот бил пуштен на најјако, вака не било