| четврток, 6 декември 2018 |

Јоксимовиќ со четврти концерт во Скопје

Српскиот пејач Жељко Јоксимовиќ ќе одржи и четврти концерт во Скопје, по закажаните настапи на 1, 2 и 3 декември во Македонскиот народен театар (МНТ), објави организаторот „Прагма Продукција“.

– Ова е неверојатно. Четврти концерт во Скопје. Ви благодарам Македонија!- изјави Јоксимовиќ по повод веста дека МНТ ќе го полни четири дена по ред со неговиот нов проект насловен „Два света”.

Станува збор за голем број поп, фолк , рок па дури и стари народни песни кои што Јоксимовиќ ги преработил во сосема нов џез или свинг аранжман. Јоксимовиќ на сцена на сите четири концерти ќе го придружува и 40 член Биг Бенд и македонски диригент.

Овој четврти концерт дефинитивно е последен. Влезниците се веќе пуштени во продажба на стандардните продажни места Розе Веро 2, билетарницата на МНТ, Југотон Рекордс и Пола Југотон како и продажната мрежа на купикарти за се.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top